Доза мудрост од Опра Винфри

Фото: Facebook

Клучот за остварување на сонот е да се фокусираш не на успехот, туку на смислата. Тогаш дури и најмалите победи и подеми ќе имаат големо значење.

Бидете опкружени со луѓе од кои ќе учите, луѓе кои ќе ве инспирираат.

Не помислував дека да се биде автентичен ќе ме направи толку славна и богата. Да знаев, истото ќе го направев многу порано.

Најголемата тајна во животот е дека нема тајна. Што и да сте намислиле можете да го остварите ако имате желба за работа.

Во животот го добиваш она што имаш смелост да го побараш.

Кога не го цениш тоа што го работиш и другите нема да те ценат како личност.

Може да имате сè. Само не во исто време.

Вистинскиот интегритет е кога постапувате правилно, знаејќи дека никој нема да дознае дали сте постапиле како што треба.

Секој ќе сака да се вози во вашата лимузина, но ќе ви треба човек што ќе седне до вас во автобусот кога лимузината ќе се расипе.

Колку повеќе го цените и славите животот, толку повеќе ќе има за славење.