Како канцеларијата влијае на продуктивноста

Неколку навидум неважни работи можат да влијаат на продуктивноста на вработените во канцеларијата. Забележувате промени во однесувањето и работата, но не знаете што ги предизвикува.

Еве само неколку работи што придонесуваат за (не)продуктивност.

Осветлување

Природната светлина којашто ја има во канцеларијата во текот на денот позитивно влијае на сите. Вработените се посреќни, помалку депресивни и нервозни. Кога има доволно светлина во просторијата се намалува и штетното зрачење на компјутерите и останатите уреди. Затоа, потрудете се канцеларискиот простор да има големи прозорци. Доколку не е можно инсталирајте јасни светилки со нијанси на сино.

Амбиентални звуци

Не е потребна целосна тишина за продуктивноста да биде на високо ниво. Сепак, вревата од останатите колеги и разните пропратни звуци во просторијата и надвор од неа можат да имаат негативен ефект. Според истражувањата, продуктивноста може да се намали за дури 66% кога сме изложени на одредени звуци во околината, разговори, бучава и слично. Полузатворени канцеларии се еден начин да се справите со несаканите звуци што е тешко да се избегнат понекогаш, како и добра звучна изолација.

Музика

Некои можат да работат со музика некои не. Затоа лесни инструментални песни, со ниска/средна јачина на тонот се решение што може да одговара на најголемиот број на вработени во просторијата. Доколку повеќето од нив преферираат одреден тип на музика може истата да се слуша. Сепак, експертите велат тоа да не бидат песни со јасно изразен текст.

Квалитет на воздухот

Иако не се забележува, квалитетот на воздухот што се дише во канцеларијата има големо влијание врз продуктивноста. Воздух со лош квалитет ја намалува продуктивноста за 6 до 9%. Затоа, обезбедете подобра циркулација на воздух, филтери за прочистување и проветрувајте кога надворешните услови за поволни за тоа.

Температура

Според истражувањата, идеалната температура за работа е 21 – 22 степени целзиусови. Сепак, и тоа не може да се примени генерално, од причина што некои подобро работат кога е потопло, а некои сакаат посвежа просторија. Тука ќе треба да се испитаат преференциите на вработените и да се најде најсоодветното решение што ќе биде прифатено од сите.

Боја

Различни бои различно влијаат на секој човек. На пример, сината најчесто смирува, односно го намалува стресот од работата. Зелената го намалува заморот во очите и главата и помага за ефикасноста. Црвената предизвикува емоции и ја загрева страста, што значи е добра за тимови што се натпреваруваат. Затоа користете различни бои во различни простории, според потребите.

 

Фото: Pixabay