Како полесно да управувате со парите

Пари постојано требаат и секогаш недостасуваат. Само што сте помислиле дека успеавте да заштедите овој месец, математиката покажа поразителни резултати.

За среќа постојат неколку начини како да ги менаџирате финансиите.

Креирајте буџет

Направете годишен буџет и финансиски план одделно за секој месец.

Чувајте ја документацијата

Чувајте ги сметките, извештаите од кредитните картички и останатите слични документи во случај да сакате да зементите нешто и да имате увид каде и колку пари сте потрошиле.

Решете се од лошите навики

Секој има слаба страна кога станува збор за трошење на пари. Едноставно признајте дека имате лоша навика и не го купувајте тоа парче облека само затоа што имавте напорен ден.

Кеш наместо картичка

Доколку носите со себе картичка шансите да купите непотребни работи се многу поголеми. Одредена сума во кеш е подобра варијанта ако сакате да заштедите.

Внимавајте со уредите во домот

Не ги оставајте светлата непотребно да светат, користете ја водата разумно, телевизорот и компјутерот не мора да бидет вклучени кога не треба… размислувајте малку повеќе во оваа насока и ќе забележите разлика во сметките.

Користете ги промоциите/попустите

Постојано има промоции и попусти на стари и нови производи и услуги коишто денес е многу лесно да се следат и најдат онлајн. Купувајте паметно, не импулсивно.

Не ја фрлајте храната

Загрижувачки е фактот колку храна завршува на отпад, а уште полошо е што добар дел од истата може да се конзумира. Не заминувајте во маркет пред да направите конкретна листа на потребните производи и проценка на количина што ви е неопходна.

Доколку ги следите овие неколку правила и се придржувате кон нив математиката нема повеќе да ве разочарува. Изборот е ваш.

Фото: Pexels