Кое е најлошо време да дадете отказ

Во животот можат да се случат многу непредвидени ситуации. Од огромно значење е тогаш да се остане со мирна глава, да се размисли и да не се донесуваат избрзани одлуки.

Тоа особено важи на работното место, а еве кои се најлошите моменти за давање на отказ.

Конфликт на работното место

Кога на работа односите се “затегнати“ и изгледа како фирмата да се распаѓа, сосема природно доаѓа дека треба да си заминете. Но, тоа може да ве чини многу. Секоја компанија минува низ криза, а доколку лесно се откажете од позицијата, ризикувате не само работно место, туку и лоша репутација. Следното ваше интервју може да биде неуспешно токму поради тоа што лесно сте “кренале раце“ од претходната работа. Тие нешта лесно се дознаваат.

Кога се отпуштаат вработени

Неколку ваши колеги веќе го загубија работното место и секако стравувате дали вие ќе бидете следни. Во тие моменти размислувате самостојно да ја напуштите организацијата, како побезболно решение од отпуштањето. Но, и тука не смеете да избрзувате. Со отказното решение, доколку се случи, добивате одреден период да се подготвите за напуштањето на работната позиција, заедно со финансиска поткрепа. Она што е најважно е дека ќе добиете време да побарате друга работа, што е помалку болна алтернатива ако сами посакате да заминете.

Додека барате друга работа

Иако одите на интервјуа и ви се чини дека ќе ја добиете работата што ја посакувате, не е паметно да давате отказ сè додека не добиете конкретна понуда. Освен ако немате заштедено доволно финансии што ќе ви го намалат стресот додека сте без работа, не се откажувајте од моменталната позиција. Така се големи шансите да прифатите било каква работа што уште повеќе ќе ве демотивира.

Големи животни промени

Големите промени во животот можат да имаат влијание врз одлуки поврзани со работното место. Можеби ќе ви делува логично да дадете отказ кога имате принова, стапувате во брак, развод или сте доживеале загуба. Со сите тие нешта, без разлика дали се добри или лоши, многу потешко ќе се справите доколку сте без работа.