Конференција 200 Жени Претприемачки, можност за бизнис дружење, мотивација и вмрежување

Во среда на 05.12.2018 во хотел ALLIKAS, во Скопје ќе се одржи втората Конференција на жени претпримачки. Овој пат за разлика од минатата година бројот е двојно зголемен и се очекува присуство на 200 жени сопственички на бизнис.

Настанот, Конференција за 200 Жени Претприемачки , којшто е единствен од ваков тип во Македонија ќе им приреди на присутните забава, инспирација, мотивација и вмрежување.

На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претприемачки идеи, но им недостасува охрабрување да го направат првиот чекор, како и жени кои се менаџери, лидери во својата професија.

Дел од презентирите ќе бидат Катерина Ангеловска, мотивациски говорник и автор, Даница Личанин Блажеска, сопственик и генерален менаџер на Рептил, Марија Радојчиќ сопственичка на брендот Friški jazački sirevi, Лидија Марковиќ Росати, стратегист за перформанси…

Гостите/презентери (претприемачи/чки) на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемништвото. Презентерите на сите учесници ќе им  дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на свој бизнис.

За време на конференцијата присутните ќе можат да ги слушнат вистинските приказни на жените кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат.

Исто така ќе имаат можност и преку директни продажни состаноци, своите услуги или производи да им ги понудат на голем број претпријатија на сесијата наречена speed dating.

Како и минатато година така и ова организатори се Kasia Еvents, коишто зад себе имаат низа успешно организарани конференции и настани.