Што сака клиентот да чуе?


Фото: Pixabay

Некои зборови едноставно го мамат клиентот да го купи тоа што го нудите. Искористете ги правилно.

Како можам да ви помогнам?

Ова прашање дава една позитивна нота на разговорот. Клиентите сакаат да објаснат што точно им треба па затоа дајте им можност да го направат тоа уште на почетокот.

Дозволете да го решам проблемот

Секој клиент сака што побрзо и поефикасно решавање на одредениот проблем/потреба.

Не знам, но ќе дознаам

Понекогаш ќе ви биде поставено тешко прашање и во тој случај најдобро е да се потрудите да го најдете одговорот. Клиентот ќе го цени тоа.

Ќе превземам одговорност

Уверете го клиентот дека што и да се случи вие ќе преземете целосна одговорност за исполнување на договореното.

Ќе биде испорачано навреме

Одредете точен датум кога ќе ја направите испораката. На клинетите не им се допаѓа ако не им дадете конкретен ден/час.

Ја ценам вашата соработка

Важно е да нагласите дека сте задоволни што имате можност да соработувате со клиентот. Сепак потрудете да не остане само на тоа. Јавете се по некое време да видите дали се функционира во најдобар ред.