Што треба да кажете (направите) кога барате поголема плата

Преговарањето е вештина што може да се научи со тек на времето и преку собраното искуство. Без разлика за што преговарате, ваша намера е да го добиете тоа што го сакате. А кој не би сакал поголема плата?

Во продолжение неколку совети како тоа да го постигнете.

Не го започнувајте разговорот со барање

Наместо тоа поставувајте прашања. На пример “ Се надевав дека ќе имам поголема плата, со оглед на моето искуство во …, Што треба да направам за тоа да се оствари?“

Одберете го вистинскиот човек

Дознајте кој одлучува за висината на платите и побарајте го/ја него/неа. Не се задоволувајте со некој вработен што врши наредба од одговорниот по тоа прашање.

Внимателно слушајте и чекајте го одговорот

Не избрзувајте да кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Веќе сте се изјасниле и трпеливо чекајте да видите што има другата страна да каже.

Не се фокусирајте само на вашите потреби

Дознајте какво влијание ќе има вашето вработување во компанијата. Потоа објаснете им каква корист можат да имаат доколку станете дел од нивниот тим.

Потиснете ги емоциите

Преговорите за плата се дел од бизнисот, а бизнисот и емоциите не одат рака под рака. Не дозволувајте вашата гордост, страв, несигурност или било која друга емоција негативно да влијае на ситуацијата.

Верувајте во вашите способности

Не ја потценувајте вашата вредност и верувајте во тоа дека компанијата ќе добие многу доколку ве вработи. Бидете подготвени да изнесете решенија за нивните проблеми.

Направете мало истражување

Доколку дознаете информации што можат да ви бидат од полза искоритстете ги, но не неведувајте имиња.

Бидете позитивни

Секој сака ведра и насмеана личност што може да влева оптимизам и кај другите.

Бидете подготвени да си заминете

Ако понудената плата не одговара на вашите очекувања, можеби подобро ќе биде да ја одбиете работата. Доколку се согласите на помала плата, ќе ви недостасува мотивација и нема да бидете доволно ефективни на работното место.

Фото: Pixabay