L’Oréal: Мини уред што алармира за штетно УВ зрачење

My Skin Track UV е мини уред на познатата компанија за козметика L’Oréal, којшто го мери штетното УВ зрачење. Според производителот, My Skin Track UV е уред што може да се носи и не користи батерии. Изумот е дело на одделот за нега на кожа на L’Oréal, La Roche – Posay, во соработка со научникот Џон Роџерс од Универзитетот Northwest во Вашингтон.

Направата е отпорна на вода, долга е 12, а широка шест милиметри. Се закачува на облеката на корисникот со помош на мала жица. Уредот се активира кога ќе биде изложен на сонце и предупредува за изложување на УВА и УВБ штетните зраци и до три месеци.

За да добијат информации, корисниците треба да го допрат My Skin Track до нивниот смартфон со интегрирана NFC технологија (near field communication). Потоа, iOS/Android апликација го покажува моменталното зрачење, но и информации за локалниот УВ индекс, квалитетот на воздухот, нивото на полен и влажност.

 

Фото: L’Oréal