PIE – паметно метро што го “мери“ здравјето на телото

PIE e паметно метро направено за одржување на здравјето и фитнес навиките. Метрото има и соодветна апликација со којашто корисникот може да си ја следи целокупната состојба на телото.

PIE се става на било кој дел од телото и му помага на корисникот да ослабе или да направи мускулна маса.

Батеријата трае до 15 часа, а може да се полни и преку микро USB.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Сеул, Јужна Кореја и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 50.359 долари од потребните 30.000 долари, а кампањата трае уште 18 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.

Фото: Kickstarter